Како акредитирана здравствена установа продолжуваме со едукативни предавања за нашите вработени.
Здравјето на работниците, особено на оние во секторите здравство е изложено на ризик од патогени преносливи преку крв при работата, често преку повреда која ја претрпел медицинскиот работник. Најчеста повреда е акцидентален убод со игла. Најголем ризик за инфицирање при изложеност на заразена крв е Хепатит Б (ризик ~30%).
За тоа што е всушност Хепатит Б, процената на ризик при убод од игла и за тоа како да се заштитиме ние како здравствени работници, презентираше Др.Елена Денковски.
2024-03-20 12:00:00